Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јовановски: Одигравме квалитетно само во првите 30 минути, а тоа не е доволно за да се победи Вардар
Јовановски: Одигравме квалитетно само во првите 30 минути, а тоа не е доволно за да се победи Вардар

Јовановски: Одигравме квалитетно само во првите 30 минути, а тоа не е доволно за да се победи Вардар

Вардар го надигра и заслужено порази со 0:2 (0:1) градскиот ривал, тимот на Работнички. По поразот, тренерот на „романтичарите“ за клупскиот сајт изјави дека одиграле квалитетно само во првите 30. минути и дека тоа не било доволно за да се победи Вардар.

– Причините за поразот секогаш ги барам во сопствените редови. Одигравме квалитетно само во првите 30 минути, а тоа не е доволно за да се победи Вардар. На почетокот создадовме шанси кои требаше да ги реализираме, тогаш ќе ја имавме предноста на наша страна. Но, не успеавме, а потоа дојде погодокот на Барсегјан. Мора да учиме од сопствените грешки. Работнички мора да игра на резултат, но и да промовира млади фудбалери од сопствениот погон. Не го коментирам судењето веднаш по мечот, но по видео – анализата можам да кажам дека сме оштетени за еден пенал, а противникот постигна гол од офсајд позиција. Сепак, Вардар е веќе минато за нас, фокусирани сме на следниот натпревар против Македонија ЃП, кој се игра в среда– истакна тренерот Ѓоре Јовановски за клупскиот сајт.