Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Методија Велковски: Конечната цел во дербито со Работнички ја остваривме, Вардар секогаш атакувал на првото место
Методија Велковски: Конечната цел во дербито со Работнички ја остваривме, Вардар секогаш атакувал на првото место

Методија Велковски: Конечната цел во дербито со Работнички ја остваривме, Вардар секогаш атакувал на првото место

Младинците на ФК Вардар стигнаа до третата првенствена победа откако на домашен терен славеа во дербито со екипата на Работнички (2:1). Вардарци имаа поголем дел од играта на овој дуел, покрај двата постигнати голови имаа уште неколку конкретни шанси да го загрозат противничкиот гол. Оваа победа беше важна, со оглед дека стигна после поразот во дуелот со тимот на Шкендија. Капитенот на Вардар, Методија Велковски повторно беше на висина на задачата, беше присебен во моменти кога противникот се обиде да го израмни резултатот, но чуварот на мрежата на Вардар, не дозволи такво нешто. Во изјава за нашиот сајт, Велковски го прокоментира исходот од дербито против екипата, која е конкурент за трофејот.

m3

-Пред се задоволни сме од победата и освојувањето на бодовите. Овој меч беше важен од психолошка гледна точка, од аспект што дојде многу бргу после дербито во Тетово против екипата на Шкендија, кое за жал го загубивме несреќно, иако немаше да биде неправедно ако ние излеговме како победници. Натпреварите со Работнички секогаш носеле неизвесност до самиот крај и тоа се натпревари, каде двете екипи имаат голема желба да се надигруваат и да излезат како победници.

Ваквите дерби натпревари можат да ги решат нијанси, Велковски истакна дека целта на тимот била да се стигне до победата, а во нејзино остварувење битен момент била почетната предност, иако конечниот победник беше неизвесен до самиот крај.

-Знаевме дека тимот кој ќе постигне прв гол, ќе биде во голема предност до крајот на натпреварот. Успеавме во таа намера, што беше нашата цел, после отварање на резултатот набргу падна и втор гол во мрежата на Работнички, кој ни ја олесна работата, иако тоа не изгледаше ни малку лесно се до последниот свиреж на главниот судија. Гостинската екипа успеа да постигне гол на крајот од првото полувреме и да го направи натпреварот неизвесен. Сепак во второто полувреме, како и двете екипи да немаа сили, за нов погодок, а ние бевме принудени да играме без репрезентативците, Антовски и Адем, кои мораа поради повреда пред време да го напуштат теренот.Сепак како што напоменав на почетокот, конечната цел беше да се освојат трите бода, што на крајот се покажа и како остварлива.

m

Велковски истакна дека Вардар со сите сили ќе се бори оваа сезона да стигне до трофејот во првенството, иако конкуренцијата е голема, сепак Мето верува дека неговиот тим може на крајот да се радува.

-Вардар секогаш, без обзир во каква ситуација се наоѓа, секогаш атакува на првото место, на нас играчите кои имаме чест да го носиме црвено-црниот дрес, задача ни е да даваме максимум на секој натпревар и да гледаме да излеземе како победници. Долга е сезоната, рано е за калкулации и математики, сепак ќе биде и тешко во борбата за титулата. Тука се екипи како Шкендија, Работнички, Академија Пандев и други кои против Вардар даваат 100% максимум, па мораме максимално подготвени да влегуваме на секој нареден натпревар.

Звонко Ивановски