Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на Кралевски со “одмазда„ за Работнички, пом.пионери со прв пораз сезонава
Пионерите на Кралевски со “одмазда„ за Работнички, пом.пионери со прв пораз сезонава

Пионерите на Кралевски со “одмазда„ за Работнички, пом.пионери со прв пораз сезонава

Утрово на теренот на Алумина се одигра градското фудбалско дерби од 4.коло кај пионерските екипи. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Работнички, натпревари на кој имавме половичен успех.

Помладите пионери после три последователни победи во првенството, го претрпеа и првиот пораз во новата натпреварувачка сезона. Домашниот тим славеше минимално со гол во првото полувреме.

Вардар: Стојковски, Јовановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давков, Давидовски, Стојчевски, Алими, Андрески, Мирков, Прелоговски.

Пионерите на Вардар успеаа да се вратат на победите во лигата и да го совладаат на гостински терен од најголемите конкуренти за трофејот. Избраниците на Кралевски одиграа добар меч и на крајот заслужено славеа. Азер Омерагиќ беше играчот кој во 28 минута успеа да му донесе водство на Вардар од 0:1, за по само шест минути игра, домашниот тим на овој дуел да го израмни резултатот на 1:1. Сепак во второто полувреме, Вардар покажа карактер и успеа да стигне до трите бодови. Најпрво во 54 минута водството на Вардар го врати Филип Андоновски, за печат на победата да стави Мартин Радуловиќ-Величковиќ, со гол во 68 минута.

Вардар: Величковски, Петејчук, Асани, Крстевски, Ѓурковски, Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Речица, Омерагиќ, Андоновски, Туша.

Во игра влегоа уште и Абдула Хасани и Ринор Исени.