Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Полуфинале за генерациите “2007“ и “2008“ на турнирот во Бугарија
Полуфинале за генерациите “2007“ и “2008“ на турнирот во Бугарија

Полуфинале за генерациите “2007“ и “2008“ на турнирот во Бугарија

Генерациите на ФК Вардар, родени “2007“ и “2008“ година ќе играат во полуфиналето, на турнирот, “Пирин Куп“ во Бугарија. Тие утрово ги совладаа своите противници и денес ќе се борат за големото финале.

Избраниците на Томче Трајановски, генерацијата “2007“ убедливо го доби својот дуел против екипата на Локомотив Софија 2, со резултат конечен од 6:0. Стефан Младеновски ја наполни противничката мрежа, постигнувајќи дури четири голови, додека во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Марко Киш и Алексеј Ивановски. Во полуфиналето, кое на програмата е денес, играме против екипата на Метал Перник.

Вардаровата генерација “2008“ дури по изведување на удари од белата точка успеа да обезбеди полуфинале. Тие утрово за противник ја имаа екипата на Локомотив Софија, по изведување на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1. По првиот дел противникот имаше предност од 1:0, затоа во вториот дел, избраниците на Неделковски го израмнија резултатот преку Арти Азизи, кој погоди за 1:1.

27657333_1581566541912854_1503572719215294986_n

По изведување на удари од белата точка, Вардар се покажа како поумешен и подобар, славеше со резултат 2:1 или вкупен од 3:2. Во пенал серијата за црвено-црните погодија Стефан Бранковски и Ненад Дамјаноски, додека промаши Коста Бошковски. Нашиот голман, Лука Грчевски успеа да одбрани еден удар. Во полуфиналето оваа генерација на Вардар, за противник ја има екипата на Бубамара од Загреб.