Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за Урдаревски и РК Преспа Вардар во машка конкуренција кај генер.2002/03 во рамки на Јуниор Лигата
Победи за Урдаревски и РК Преспа Вардар во машка конкуренција кај генер.2002/03 во рамки на Јуниор Лигата

Победи за Урдаревски и РК Преспа Вардар во машка конкуренција кај генер.2002/03 во рамки на Јуниор Лигата

Денес во салата “Кале“ се одигра првото пролетно коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во двата дуели кои беа на програмата кај генерација 2002 и 2003 година победи забележаа екипите на РК Урдаревски од Скопје и РК Преспа Вардар од Ресен.

2
Екипата на РК Урдаревски Вардар од Скопје дојде до победа во мечот со тимот на РК Балтепе од Тетово, момците од скопскиот тим триумфираа со 15-10 (9-5) на овој дуел. Први со два последователни погодоци дуелот го отворија момците од Тетовскиот тим кои поведоа со 0-2 на стартот. Скопскиот колектив изедначи на 2-2. во продолжение резултатот неколку пати беше нерешен: 3-3, 4-4- и на крајот 5-5. По овој резултат со серија 4-0 РК Урдаревски успеа дуелот по крајот на првите 20.минути да го однесе на одмор со нивна предност од 9-5.

3
Вториот дел почна со погодок за Балтепе кој намалија на“минус три“ 9-6, потоа двата тима посригнаа по два гола за иста предност на скопскиот тим овој пат со 11-8. Клучната серија за победа Урдаревски ја прави во продолжение кога со 3-1 се одлепи на 14-9 и во финишот успеа да ја сочува разликата. Тие на крјаот победија со резултат 15-10 во нивна корист. Кај победникот Томашевски имаше 4 гола, кај поразните Марко Ончевски се истакна со 3 погодока.

4
Во вториот дуел РК Преспа Вардар од Ресен дојде до победа во средбата со РК Опш.Кисела Вода со резултат 27-17 (14-10). Ресенани први поведоа со 0-1, а скопјани изедначија на 1-1. Екипата на Преспа беше поактивна и успеа во средината на првиот дел да се одлепи на 3-6. Тие од минута во го зголемуваа водството и успеаа на 4.минути до кај да поведат со “плус шест“, 6-12. Скопкскиот колектив во финишот се врати во игра и ја намали предноста на противникот, тие на одмор заминаа со негатива од 10-14.

5 6
Вториот дел почна со три гола за ресенчани кои се одлепија на 10-17 по само 2.минути ракомет и најавија дека ќе дојдат до нова победа во оваа категорија. Се играше во продолжение гол за гол, двата тима постигнуваа погодоци во противничката мрежа, но предноста на РК Преспа Вардар не беше загрозена. Тие дури успеаа во финишот и да победат со двоцифрена предност, дуелот го добија на крајот со резултат 27-17. Кај нив прв стрелец беше Божиновски со 6 гола, кај поразените Кослов имаше три гола.