Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ништо од потенцијалното засилување, Арсиќ потпиша за Војводина
Ништо од потенцијалното засилување, Арсиќ потпиша за Војводина

Ништо од потенцијалното засилување, Арсиќ потпиша за Војводина

Пропадна и последното потенцијално засилување за шампионот на Македонија.

Вардар во последните денови од преодниот рок имаше во план да го доведе одличниот Лазар Арсиќ од Раднички Ниш, беа остварени првични контакти со играчот да дојде во Вардар, но, неофицијално дознаваме дека Вардар понудил малку како оштета, па во игра влегол сега веќе новиот тим на Арсиќ кој понудил прифатлива сума.

Новиот клуб на Арсиќ, Војводина, според информациите платила околу 50.000 евра на тимот на Раднички од Ниш за услугите на играчот од средината на теренот. Арсиќ во првиот дел од шампионатот на Србија беше оценет како еден од најдобрите четири играчи.