Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар се пласираше во полуфиналето на турнирот „Пирин Куп“ откако денес ја забележа и третата победа во групната фаза.
Во рамките на последното коло во групата ја победивме убедливо екипата на Царско Село ( Бугарија) со резултат 4:0. Сите дилеми околу победникот ги решивме уште во првото полувреме кога имавме убедливо водство од 3:0. Давор Серафимов беше играчот кој успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0, додека предноста на 2:0 ја удвои Горјан Цветков. Резултатот 3:0 на полувреме со својот прв гол денес го постави Алексеј Стефановски. Во второто полувреме постигнавме уште еден гол, истиот беше дело на Кристијан Антевски, за конечни 4:0 на овој меч.
На тој начин со три победи и еден нерешен резултат, Вардар успеа да го освои првото место во групата и да се пласира во полуфиналето на турнирот во Бугарија, кое на програмата е во текот на утрешниот ден.