Фудбалерите на Вардар, хероите, вечерва се вратија во Скопје од подготовките во Анталија. Тие откако пристигнаа во Скопје, пред тренинг кампот во Хиподром, беа изненадени и добија топол пречек од своите најверни навивачи, Комитите.
Вардарци се соочуваат со нови проблеми, а Комити беа тука и овој пат да ги поддржат фудбалерите и да им порачаат дека заедно одиме кон титулата, овој пат не есенска, туку шампионска!