Денес со натпреварот меѓу екипите на Кил и Вардар продолжува Лигата на Шампионите. До крајот на групната фаза остануваат уште четири кола за одигрување, а од ЕХФ направија нов ранкинг на ТОП-10 екипи.
Според овој ранкинг, за актуелниот шампион на Европа нема место во најдобрите десет екипи, односно според стручните лица во ЕХФ, Вардар оваа сезона нема да стигне до четврт-финалето. Најголеми шанси да ја освојат Лигата на Шампионите ја има екипата на Барселона, додека на второто место се најде тимот на Кил. На завршниот турнир би немало место ниту за екипата на Веспрем, а останатите два учесници би биле екипите на Пик Сегед и ПСЖ. Слично како и минатата, така и на стартот од оваа година, Вардар е потценет што се однесува до шансите да стигне до скапоцениот трофеј.
Сепак добро е кога сме потценети и аутсајдери, тогаш Вардар е најсилен, а тоа најдобро на своја „кожа“ го осетија и екипите од минатата сезона, посебно Пик Сегед, а потоа на Ф4 и Барселона и Веспрем.