Вардаровите девојки до 16 години, утре заминуваат за Унгарија каде што за прв пат ќе земат учество на турнирот “Basketgirls Superchallengе”. Кошаркарските надежи на ЖКК Вардар М16, предводени од Наков Славица ќе земат учество на настанот кој по шести пат се организира, а за нашите девојчиња ова е прво меѓународно искуство.
Вкупно ќе учествуваат 8 тимови, поделени во две групи, ова е распоредот на турнирот: