Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Трета последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ и обезбеден пласман во 1/2 на турнирот во Бугарија
Трета последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ и обезбеден пласман во 1/2 на турнирот во Бугарија

Трета последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ и обезбеден пласман во 1/2 на турнирот во Бугарија

Трета победа од исто толку одиграни натпревари за генерацијата родени “2003“ на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија. После Панасераикос и ЦСКА од Софија, денес избраниците на Петрески успеаа да ја совладаат и екипата на Черно Море Варна, со резултат од 2:0. Стрелец на двата гола беше Лео Андрески.

Вардар успеа да го отвори резултатот во 26 минута, кога Лео Андрески го постигна својот прв гол и со овој резултат се замина на одмор. По првите 35 минути можевме да имаме и повисоко водство, доколку топката од слободниот удар кој го изведе Антонио Мирков не завршеше во пречката од противничкиот гол. На стартот на второто полувреме, односно во 40 минута, црвено-црните повторно преку Андрески го зголемија резултататот на 2:0. Во овој дел од мечот, бугарите имаа две шанси, но нашиот голман Стојковски успешно одбрани. Најголемата можност да го намали резултатот, Черно Море ја имаше кога им беше досуден удар од белата точка, но топката заврши покрај стативата од нашиот гол и резултатот остана непроменет.

Групата ја завривме со девет освоени бодови, со 7 постигнати голови и само еден примен во нашата мрежа. Дополнително во текот на денот ќе го чекаме нашиот противник во полуфиналето на турнирот “Пирин Куп“.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Исмаиљи, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски, Хасани, Јовановски, Мирков, Андрески, Алими.

Во второто полувреме, нашиот тренер им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање за овој натпревар. Уште две наши генерации се борат за пласман во полуфиналето на истиов турнир.