Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Милиќ-Џамбо повторно во изборот за пет најдобри одбрани во СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Милиќ-Џамбо повторно во изборот за пет најдобри одбрани во СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Милиќ-Џамбо повторно во изборот за пет најдобри одбрани во СЕХА-лигата

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ беше еден од најзаслужните за убедливата победа на неговиот тим, во дуелот со Целје (35:27). Популарниот “Џамбо“ го заврши натпреварот со 15 одбрани, за 40 минути поминати на теренот, а само во првото полувреме имаше 10 успешни интервенции. Токму една од неговите одбрани, кога од клупата истрча и со летечка интервенција го спаси својот гол, се најде во ТОП-5 најдобри, за 14 коло во СЕХА-лигата. Да потсетиме, дека Милиќ се најде во овој избор и во претходното 13 коло, кога на дуелот со Татран исто така блескаше на својот гол. Српскиот интернационалец се покажува како добра замена за Штербик, а се очекува од следната сезона да биде прв избор на голот на Вардар, со оглед дека Штербик ќе настапува за екипата на Веспрем.

Погледнете ги најдобрите 5 одбрани, во 14 коло на СЕХА.