Фудбалскиот клуб Вардар во второто пролетно коло во ПМФЛ ќе биде домаќин на екипата од Прилеп, тимот на ФК Победа. Дуелот се игра во недела, 18 февруари. Црвено-црните нема на овој меч да бидат домаќини на арената „Филип Втори” туку ривалот ќе го пречекаат на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.
Дуелот со прилепчани од 20. коло во македонското фудбалско првенство ќе се игра во недела од 14-00 часот.