Полека се наближува крајот на одигрување натпревари во двете најсилни групи од Лигата на Шампионите, а претстојниов викенд на програмата е 12 коло во најголемото натреварување.
Она што нас не интересира е секако Вардар, кој во недела пред својата публика го пречекува тимот на Пик Сегед. После поразот од Барселона, кој беше прв за Европскиот шампион оваа сезона, црвено-црните ќе се обидат да се вратат на победите и да бидат поблиску до освојување на првото место во својата група, кое носи директен пласман во четврфиналето. Пик Сегед во Скопје доаѓа после “изненадувачкиот“ триумф на гостински терен против Рајн-Некар. Првиот натпревар одигран во Унгарија, заврши со нерешен резултат (26:26). На три кола пред крајот, Пик Сегед е сигурен на петтата позиција на табелата, а највеќе што може да оди нагоре е третото место. Со триумф, Вардар ќе биде на само два чекори, до директен пласман во четврфиналето. Неизвесни за настап на овој дуел, кај нас се Карачиќ и Чупиќ, додека кај унгарците, тоа е репрезентативецот, Золт Балог кој е најдобар стрелец на својот тим во ЛШ.
Нант и дефинитивно е нашиот најголем конкурент за првата позиција, а тие во сабота ќе гостуваат на екипата на ППД Загреб, кој најверојатно ќе ја има последната шанса да се вмеша во борба за шесттото место, кое носи пласман во следната елиминациска рунда. Првиот меч одигран во Франција го доби Нант, но минимално со смо еден гол разлика (28:27), со сомнителен финиш, кога Загреб имаше последен напад и шутираше, но дали еден од нивните играчи беше под фаул, остана само да се коментира, со оглед дека мечот заврши со триумф на французите. Во пресрет на нивниот саботен дуел, двете екипи забележаа победи, Нант триумфираше убедливо против Данкерк во националното првенство, додека Загреб во рамките на СЕХА-лигата, минимално го победи Металург.
Интересен ќе биде и дуелот во Манхајм, помеѓу екипите на Рајн-Некар и Кристијанштад. Доколку “лавовите“ сакаат барем да завршат на четвртото место во групата ќе мораат да слават пред својата публика, а екипата од Шведска доколку сака осминафинале, ќе мора да триумфира на гостински терен. Тешко е да се верува дека Рајн-Некар ќе дозволи да загуби втор натпревар по ред на свој терен, но со нив претходниве сезони се покажа дека се е можно. Избраниците на Јакобсен го добија првиот дуел во Шведска и се надеват дека така ќе биде и на натпреварот кој ќе се одигра во недела.
Барса е апсолутен фаворит во дуелот со екипата на Висла Плоцк, на мечот кој се игра во арената “Палау Блауграна“, Каталонците се наоѓаат во добра форма после неколку сврзани победи во Асобал лигата и онаа против Вардар, кога му го нанесоа првиот пораз на нашиот шампион. Висла Плоцк моментално се наоѓа на позиција која носи пласман во осминафиналето, откако во претходното коло забележа голема победа против Загреб. Сепак мислиме дека полјаците нема што да бараат во Шпанија, ако се знае дека и на домашен терен беа убедливо поразени од Барса, тогаш со резултат 30:37.
Не очекуваат интересни натпревари, на кои од конечните резултати полека ќе се нагледува конечниот пласман на екипите во најсилната група А. Вардар доколку слави на сите три преостанати дуели ќе го осигура првото место.