Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери не ги посака среќата и покрај огромниот број шанси одиграа 0-0 со Брегалница

Пом.пионери не ги посака среќата и покрај огромниот број шанси одиграа 0-0 со Брегалница

Денес на Академијата на ФК Вардар во Градски парк се одигра меч од лигата за помлади пионери во истиот нашиот црвено-црн тим беше домаќин на екипата на ФК Брегалница од Штип. Мечот за жал заврши со реми 0-0 иако вардарци имаа огромен број на шанси, сепак среќата не ги посака. Тренерот Јанев мечот го стартуваше со следниот состав:  Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Бојковски, Спировски, Димовски, Спирковски, Астарџиев, Николов и Илиевски.

3

Мечот почна со наша теренска иницијатива прва прилика имавме преку Ѓурковски Александар чии удар го одбрани голманот на штипјани Наков Кире. Следеа две огромни прилики на играчот со број 11 во нашиот состав, Николов Матеј. Tој во првиот обид беше спречен од одбраната на самата гол линија која исфрли во корна. По изведувањето на истата топката повторно дојде до него тој од 13-14 метри шутна над гредата на Брегалница. Продолживме и по оваа шанса да атакуваме следен кој не успеа е Илиевски Mарио чии удар голманот со крајни напори боксувајќи ги одбрани, топката се одби до Манасиевски Филип кој шутна крај голот. Огромна шанса и едниствена во првиот дел имаа гостите сепак Андов Матеј на нашиот гол беше фантастичен одбрани еден удар неверојатно. Имавме до крајот целосна иницијатива неколку полушанси кои не ги претворивме во гол. Последна голема прилика во првиот дел за нас имаше Спировски Марио сепак и оваа топка не заврши зад грбот на Hаков.

2 1

Вториот дел беше слика на првиот постојано напаѓавме и постојано среќата беше на страна на Брегалница од Штип. Ние имавме серија шанси кои беа зрели за водство. Николов и Илиевски во првите пет минути искочија сами со голманот на штипјани сепак двајцата не успеаа да погодат во мрежата на сино-белите. По една корна највисок во скокот беше Астарџиев чии удар го одбрани голманот. Шансите пред голот на гостите се редеа како на филска лента. Голема шанса во продолжение имаше и Спировски Марио сепак голманот на Брегалница успеаа да одбрани. Имавме серија прилики во кои среќата постојано не не посакуваше. До крајот за одбележување се двете огромни шанси на играчот со број 9 во нашиот состав Мартин Спировски. Тој во првата прилика одлично исолира излезе сам голманот беше совладан, но за жал топката заврши во надворешниот дел од мрежата. На минута до крајот истиот играч од само 5-6 метри, но префрли голот на сино-белите помлади пионери. Мечот заврши со почетниот резултат 0-0.

5

Овој дуел како и тој претходно кога играа пионерските екипи на Вардар и Брегалница Штип го проследи новиот спортски директор на ФК Вардар, легендарниот Дарко Панчев.