Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар на 23.февруари ( недела) ќе бидат дел од 14-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ 2020 кој се одржува во чест на легендата Драган Михајлов.
Натпреварите ќе се одиграат на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, а покрај Вардар учесници се и екипите на ГФК Осогово, Работнички и Беласица.
Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат ГФК Осогово и ФК Вардар, а мечот ќе започне од 10:00 часот. Во второто 1/2 финале ќе се сретнат Работнички и Беласица од 11:15 часот. Победниците од овие дуели ќе играат за првото место, дуел кој ќе стартува од 14:00 часот, додека еден час порано ќе започне натреварот за 3.место.
Натпреварите ќе се играат во две полувремиња од по 30 минути. За најдобрите екипи и поединци се предвидени пригодни дипломи и награди.