Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар минимално поразени од Гостивар

Пом.пионери на Вардар минимално поразени од Гостивар

Денес на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одигра меч во лигата за помлади пионери помеѓу Вардар и гостите од Гостивар. Во истиот подобри на крајот беа гостиварчани со резулат 1-2, на одмор мечот беше 1-1. За црвено-црните Сашо Јанев за почетен состав ги одреди следните момци : Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Ристевски, Апостоловски, Бојковски, Петковски, Манасиевски, Ариф, Ристовски и Димовски.

pp2

Мечот почна со блага офанзива на избраниците на Сашо Јанев која беше изразена со поголем посет на топката во почетните минути. Прва прилика имааа гостите кога шутнаа над голот на Андов Матеј. Одевме офанзивно да го отвориме мечот со гол, меѓутоа место ние први погодоја гостиварчани на дуелот. По едно невнимание на целата одбрана на Вардар од десно сам на сам со нашиот голман Андов искочи Спахију Едиз кој го префрла нашиот голман и постигнува гол за 0-1. Тргнавме да го изедначиме резултатот и да ја вратиме резултатската симетрија на дуелот. Успеваме да дадеме гол за 1-1, Давид Ристовски се изработи сам тој одлично солираше и асистираше до Ибрахим Ариф кој од непосредна близина ја испрати топката зад грбот на Адеми. Во продолжение се обидувавме да постигнеме и втор гол Давид Ристовски се обиде со удар од дистанца , топката мина над гредата. До крајот на првите 40 минути постојано притискавме да постигнеме гол, за жал не успеавме со резулат 1-1 се замина на одмор. За одбележување во првиот дел е големата прилика уште на Ибрахим Ариф кој шутна одлично сепак голманот на гостиварчани Адеми Амар брани успешно.

pp5

Во вториот дел тргнавме офанзивно во првите пет минути топката постојано беше во нашите нозе, се обидувавме да создадеме прилика за гол. Димовски Бојан ја имаше првата прилика за црвено-црните во вториот дел од мечот. За жал и покрај нашата иницијатива следеше студен туш, Гостивар даде гол за 1-2. Искористувајќи повторно невнимание во нашата одбрана, Болеци погодува за 1-2. После овој гол игравме во грч две нови овојпат 100% прилики за гостите, сепак на голот го имавме одличниот Андов Матеј тој одбрани две одлични топки. Во првата прилика одбрани неверојатно со нозе, а во втората опасна шанса за гостите исфрли во корнер.  Манасиевски Филип имаше прилика за гол и изедначување во продолжени, но неуспеваме. Сашо Јанев се обидува со измени од клупата и засилување на нападот да промени нешто, гостите “крадат“ од времето со постојани симулации на повреда и барање лекарска помош. Димов Бојан повторно е во шанса  неговиот удар одкосо завршува над гредата од голот на Адеми. Докрајот имавме неколку прилики за да изедначиме сепак гостиварчани кои играа “бункер“ издржаа во својата намера. Голема прилика во финишот имаше нововлезениот Николов Матеј кој со глава од 6-7 метра биеше под пречка, голманот на КФГ Гостивар со неверојатна парада исфрли во корна, тоа беше последна прилика за гол по која судијата Василевски Александар свирна крај на овој дуел во лигата за помлади пионери.

pp1