Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив старт на шампионската генерација “2004“ во детската лига, двете екипи на Ане Андовски ги наполнија противничките мрежи

Убедлив старт на шампионската генерација “2004“ во детската лига, двете екипи на Ане Андовски ги наполнија противничките мрежи

Убедлив старт за шампионската генерација на Вардар, родени “2004“ година. Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра првото коло во детската лига. Двете екипи на нашата генерација забележаа убедливи победи.

Први на теренот излегоа Вардар (1), кој за противник ја имаа екипата на Сарај. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:1. Мечот почна со прва прилика за црвено-црните преку Теодор Перковски кој биеше со глава над гол, по нафрлена топка. Набргу го отворивме резултатот преку Матео Софијаноски и тоа со удар од белата точка, откако противникот направи три корни. Резултатот на 2:0 го зголеми Марио Ричков, откако Никола Павлевски речиси се сам направи повлече топка се ослободи од неколку противнички играчи ја додаде до Ричков, овој умешно ја сместува топката во голот. Црвено-црните продолжија со иницијатива, Исмет Хајдари ја погоди стативата од голот на Сарај. Поради едно невнимание на нашата одбрана, екипата на Сарај успеа да ја затресе нашата мрежа и да намали на 2:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans-pobeda-protiv-saraj

Во вториот дел првите обиди за постигнување на погодок ги имаа Марио Ричков и Стефан Стојановски. Повторно на сцена настапува Матео Софијаноски, кој се сам направи бие силно за водство од 3:1. Сарај немаше сили да се надигруваат со Вардарци и набргу примија уште еден погодок во својата мрежа. Теодор Перковски за прв пат денес се запишува во листата на стрелци, погодувајќи за водство од 4:1. Серијата на погодоци ја затвара Матео Софијаноски, кој постигнува хет-трик. Се играше акција од левата страна, асистираше Ричков до Софијаноски овој не греши за нов гол и резултат од 5:1. Тука беше и крајот на мечот. Вардар (1) со триумф ја стартуваше новата сезона.

Веднаш после нив на истиот терен, својот натпревар го одиграа Вардар(2) и екипата на Форца. Дожд од голови на овој меч и тоа сите во мрежата на противникот, за конечни 10:0 на овој дуел. Првите три гола на овој дуел ги постигнува најефикасниот играч од минатата сезона за оваа генерација. Георг Стојановски на супериорен начин ја отвори сезоната постигнувајќи хет-трик за само 20 минути. На негови два гола асистираше Огнен Здравковски, додека на едниот асистент беше Марко Софијаноски. Во првото полувреме имавме можност да постигнеме уште неколку гола, но среќата беше на страната на Форца. Најпрво при една мешаница биеше Давид Љушев, еден од противничките играчи ја исфрли топката од гол линија. Во следната акција Марко Софијаноски ја погоди стативата од голот на Форца. По првото полувреме резултатот беше 3:0.

vardarfans-pobeda-protiv-forca

Во вториот дел продолжи голеадата на Вардарци, кои до врв ја наполнија мрежата на противникот. Денес браќата Софијаноски одиграа одлични натпревари постигнувајќи многу голови. Серијата на голови во овој дел од мечот ја отвара Марко Софијаноски за водство од 4:0. Истиов играч успева да зголеми и на 5:0, по што веќе беше познат победникот на овој дуел. Вардар “везеше“ на теренот со прецизни додавања по земја, игра која ја практикува тренерот Ане Андовски. Не застанавме со нападите, напротив продолживме со константен притисок на противничката половина. Георг Стојановски продолжува да ја тресе мрежата, овој пат за водство од 6:0. Одличен погодок и за Марио Сурлов, прв негов на овој меч кој бие силно и прецизно во долниот десен агол од голот на Гигов за резултат 7:0. Нов гол за Марко Софијаноски кој погодува за веќе убедливи 8:0. Форца немаше одговор за нашата игра и беше за класа послаб од нашите млади надежи, кои ги надиграа во текот на целиот меч. Противникот речиси и да не се закани кон голот на Стефан Тасев. Со петтиот погодок на Георг Стојановски погодуваме за 9:0. Серијата на голови ја затвара Никола Анчевски кој постигнува убав гол за конечни 10:0 на овој дуел.

Сигурна игра на стартот на новата сезона за оваа генерација на Вардар, која го брани трофејот освоен од минатата сезона.