Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар доминираат во сите аспекти, најмногу освоени бодови, напад и одбрана
Пом.пионери на ФК Вардар доминираат во сите аспекти, најмногу освоени бодови, напад и одбрана

Пом.пионери на ФК Вардар доминираат во сите аспекти, најмногу освоени бодови, напад и одбрана

Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар се на пауза, после завршување на есенскиот дел во четирите младински лиги.

Помладите пионери на Вардар доминираат во сите аспекти и во секој статистички поглед се подобри од останатите вардарови генерации. Тие се единствените кои го завршија есенскиот дел без пораз, собраа најмногу бодови, имаат најдобар напад, како и најдобра одбрана.

Помладите пионери освоија вкупно 34 бодови, додека втори со најмногу поени се пионерите кои имаат 31 бод. Кадетите освоија 29, додека младинците 17 бодови.

Избраниците на Тодоровски го имаат и најдобриот напад со 46 постигнати голови, а пионерите заостануваат за само еден гол, односно ја завршија полусезоната со 45 погодоци. Кадетите имаат 30 голови, додека младинците најмалку, со само 21 постигнат гол.

Најдобрата одбрана со само 8 примени голови ја поседуваат пом.пинери, додека пионерите со втори со 11 примени голови. Кадетите во својата мрежа примија 15 голови, додека младинците 24.

Помладите пионери на Вардар можат да се пофалат дека ја имаат најдобрата одбрана во сите младински лиги, како и третиот најдобар напад.