Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > РК Вардар со најмногу награди од Град Скопје за 2019
РК Вардар со најмногу награди од Град Скопје за 2019

РК Вардар со најмногу награди од Град Скопје за 2019

Денес, градот Скопје ги врачуваше   наградите за спорт за 2019 година. Според успехот во изминатата година  очекувано најмногу одличја доби ракометниот клуб Вардар. Црвено-црните   минатата сезона ја освоија Лигата на шампиони, СЕХА-лигата и домашното првенство.

ll

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е најдобар спортист на Град Скопје, додека зад него беше уште еден вардарец, членот на БК Вардар и човекот кој обезбеди ОЛ, Могамедгаџи Нуров (3.место СП).

Вардар е прогласен за најдобар спортски клуб во Скопје, а ракометарот на „црвено-црните“, Даинис Криштопанс е најдобар странски спортист.