Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата 22 победа, откако утрово на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Победа од Прилеп. Играчот на одлука беше младиот Георг Стојановски, играч кој е роден “2004“ година, а добива шест шанса да игра за две години повозрасна генерација. Со неговите два гола денес, црвено-црните славеа со резултат од 2:0.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина:Величковски, Ѓорѓиевски, Асани, Костовски(c), Радуловиќ-Величковиќ, Демири, Петејчук, Омерагиќ, Салиу, Г. Стојановски, Гугуљанов.
По првото полувреме од мечот имавме минимално водство од 1:0 со голот на Георг Стојановски, кој успеа со глава да ја смести топката во мрежата на прилепчани. Одличен играч со чуство за фудбалската игра и за постигнување голвои, не е случајно што добива шанса да игра во повозрасните категории на Вардар. Во првите 40 минути, Вардар имаше уште неколку прилики за загрозување на голот, но по првото полувреме имаме само минимално и заслужено водство.
На стартот на вториот дел беа направени две измени кај црвено-црните. Од игра излегоа Салиу и Омерагиќ, додека влегоа Алими и Мирков и двајцата играчи се генерација “2003“. Токму нововлезениот Антонио Мирков ги имаше првата два директни удари во вториот дел за екипата на Вардар. Првиот откако доби топка од Петејчук заврши покрај голот, како и во втората акција. Иницијативата ја претвараме во нов гол и повторно преку Георг Стојановски, кој доби топка од Мирков, Гео ја смири топката и биеше прецизно за водство од 2:0. Токму стрелецот на двата гола е следниот кој ја напушти играта, а на негово место е Ринор Исени. Сите играчи кои беа на клупата за резерви влегоа во игра, со исклучок на голманот, Марко Становски, Тоа се Филип Симев, Енес Шабани и Атом Фазлиу. До крајот на мечот, Победа пропушти голема прилика да постигне почесен гол откако од еден метар, играчот на противникот не успеа да ја смести топката во нашата мрежа. На крајот конечниот резултат е 2:0.
Ова беше 22 победа за пом.пионери на Вардар, кои имаат само еден пораз и уште два нерешени резултати. До крајот на сезоната остануваат да се одиграат уште три кола, а избраниците на Рап-Тап се веќе промовирани во нови шампиони.