Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија се играше 8.коло оваа пролет во детската лига. ФК Вардар генерација родени 2007 на Томче Трајановски дојдоа до две победи во соочувањата со противниците.
Вардар (1) генер. “2007“ се сретна со тимот на ФК Сарај, во овој дуел победивме со резултат 4-2(2-1) Првиот дел помина во наша иницијатива иако реализиравме само двапати од големиот број на шанси кои ги создадовме , па на одморот моравме да заминеме со минимална предност. Уште во првата минута отворивме преку Грашевски Александар кој погоди за 1-0. Потоа напаѓавме со цел да го удвоиме водството и успеавме преку Кузаревски Филип кој погоди за 2-0. пропуштивме серија прилики до крајот тоа противникот го казни и погоди за 2-1. Со овој резултат и минимална предност заминавме на одмор.
Вториот дел го започнавме исто така со ран гол, Милош Спасовски изведе еден одличен слободен удар од 20.метра топката го мина живиот ѕид и се заби во мрежата на ривалот, за наша предност од 3-1. Противникот успеа по едно наше невнимание да намали на 3-2. Златко Радевски имаше обид за враќање на предноста, но не успеаа со удар од дистанца како и Милош Спасовски . Потоа се закани противникот видовме две одлични одбрани на Исајловски Даниел со кои го спаси нашиот гол и недозволи изедначување. Топката дојде до Грашевски Александар, тој со волеј силно ефектно погоди за 4-2. До крајот имавме уште неколку прилики, најсериозната ја имаше Кузаревски Филип кој шутна крај голот.
Вардар (2) лесно се справи со тимот на Спорт Ефе, ние оваа екипа ја победивме со резултат 6-1 (3-0). Почнавме офанзивно, веќе во првата минута се заканивме со удар од слободен удар преку Емир Шаботиќ. Истиот играч потоа се обиде, но неговиот удар заврши крај голот на противникот. Се редеа прилики за нас, Борјан Томовски имаше голема шанса која заврши во рацете на противничкиот голман. Емир Шаботиќ во продолжение имаше две прилики, во првата погоди за 1-0, а во втората неговиот удар голманот го исфрли во корна. На сцена стапи Марко Крстевски кој исто така имаше два обида, во првиот шутна крај голот во вториот ефектnо погоди за удвојување на предноста и наше водство со 2-0. До крајот за одбележување во првиот дел е уште пеналот на Михаел Крстевски, кој го претвори во гол за 3-0. Токму со тој резултат заминавме на одмор.
Вториот дел, поточно самиот почеток помина во знак на Лео Манчев кој во почетните минути успеаа да впише два гола зад своето име. Најпрвин зголеми на 4-0 по една акција, а за 5-0 погоди од дистаца под греда на ефектен начин, тоа беше погодок за уживање. Противникот се закани поради нашето опуштање, Јовица Спасовски нареди две интервенции едно по друго. Во третата прилика тие успеаа да намалат на 5-1. До крајот на дуелот имавме неколку прилики, крај голот шутна Емир Шаботиќ. Потоа Борјан Томовски упати удар кој голманот успеа да го фати и на крајот Иван Стојановиќ имаше два обида кои минаа за малку крај голот. Јовановски Никола успеаа на крајот да стави точка на победата, тој со гол за 6-1 го постави конечниот резултат.