Пионерите на ФК Вардар во рамките на 25 првенствено коло, денес на домашен терен ги совладаа врсниците од екипата на Победа од Прилеп. Резултатот на овој дуел гласеше 3:1.
Тренерот Ѓорѓиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Мирчевски, Бојковски, Манасиевски(c), Спировски, Митревски, Андоновски, Речица, Ристевски, Игнатов, Туша.
Првите 20 минути од мечот поминаа без некоја изгледна прилика за отварање на резултататот. Се играше цврсто на двете страни, без грешки во одбраната. Екипата од Прилеп беше прва која успеа да го отвори резултатот на овој меч и да поведе со 0:1. Не траеше многу радоста на гостите, кога Вардар по само две минути успеава да погоди и да го израмни резултатот на 1:1. Стрелец на израмнувачкиот погодок за црвено-црните беше Туша Ветон. Набрзина направивме и резултатски пресврт, откако авто гол си постигна противникот, шутираше Ветон, топката закачи еден од играчите на Победа и заврши во нивната мрежа, за резултатски пресврт на овој дуел и прво водство за нашите пионери До крајот на првото полувреме имавме доминација и поголем посед на топка. Мирчевски се најде во добра шанса, но одбрани голманот на Победа. Одличен удар од некаде 20 метри имаше и Давид Ристовски, но голманот со крајни сили ја закачи топката, доволно да не заврши позади неговиот грб. Последниот удар во првиот дел беше за Леонид Игнатов, кој бие во рацете на голманот. На одмор се замина со предност на Вардар од 2:1.
Три измени на стартот на второто полувреме во редовите на Вардар. Од игра излегоа Андов, Игнатов и Бојковски, додека на нивно место се Хасановиќ, Стојковски и Илиевски. Токму нововлезениот Марко Илиевски успеа да се запише во листата на стрелци, откако доби топка од Речица и да го зголеми резултатот на 3:1. Истиов играч и во наредните минути се најде во прилика, кога биеше од десеттина метри, но одбрани голманот на Победа. Гостите од Прилеп имаа голема можност да го намалат резултатот, откако при нафрлена топка, еден од нивните играчи биеше со глава, но Стојковски Лука со брза рефлексна интервенција спаси гол во неговата мрежа. Играчот кај Вардар, Филип Андоновски се обиде од слободен удар, но одбрани противничкиот голаман. Нови измени направи тренерот Ѓорѓиески, во игра влезе Рушити, на местото на Мирчевски. Влегоа уште и Цури и Миленковски, на местото на Речица и Андоновски. До крајот без поголеми возбудувања, мечот заврши со триумф на Вардар од 3:1.