Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче се одиграа дуелите од детската лига во осмото пролетно коло. ФК Вардар генер.2005 одигра два дуели во кој забележа една победа и еден пораз.
Вардар (1) генер. “2005“ утрово во првиот дуел се сретна со Шкупи и го победи 6-3. Дуелот го започнавме со теренска иницијатива, прв обид имаше Фидановски Зоран со удар од дистаница, неговиот шут го одбрани голманот на противникот. Тимот од скопски Чаир се закани, сепак на нашиот гол сигурен беше Илија Апостоловски. Постојано бевме во атакт, следеа две прилики на Матеј Николовски кој во првата ја погоди стативата, но во втората беше прецизен. По изведен прекин тој со глава од само 3-4 метра ефектно погоди за 1-0. По овој погодок имамве уште дузина прилики сепак моравме да се задоволиме на одмор да идеме со минимална предност од едне гол. За нас Никола Величковски имаше две прилики и тоа со глава кои не ги претвори во гол. Потоа Матеј Гаштаров се обиде топката мина крај голот како и ударите на Давор Лефковски и Филип Јовановски.
Вториот дел почна со тритте прилики на Никола Величковски, во првата се обиде со глава и не успеаа, а во втората силно ја погоди стативата. Конечно во третиот обид со удар од дистанца погоди за 2-0. По овој гол игравме лесно во нападот, па затоа Матеј Гаштаров успеаа да зголеми на 3-0. Противникот успеа да изведен една добра контра акција и намали на 3-1. Но таа радост траеше кратко со евро-гол од над 20 метри Филип Јовановски ја врати предноста од три гола за црвено-црниот состав, 4-1. Имавме голем посет па често влегувавме во прилика, во следната сериозна прилика Давор Лефковски погоди за високи 5-1 по кои дојде до благо опуштање. Тоа го искористи противникот па за само три минути најпрвин намали на 5-2 од пенал, а потоа од игра погодија за 5-3. До крајот остана малку време во кое две прилики имаше Матеј Гаштаров, во првата шутна крај голот во втората од пенал ги постави конечните 6-3.
Во вториот меч Вардар (2) беше совладан од тимот на ФК Металург со резултат 2-1. Мечот почна со ран гол за противникот кој погоди за 0-1 во почетните минути од овој натпревар. Ние се обидовме преку Лука Јакимовски и Александар Калановски веднаш по тоа да изедначиме брзо, сепак не успеавме. Голманот на нашиот противник потоа успеаа да исфрли во корна и по обидот на Стефан Ристовски. Се трудевме да изедначиме, но никако не ни појде во првит дел. До крајот се обиде уште два пати, Горјан Цветков, двата удара на Гого не завршија во мрежата па моравме да заминеме на пауза со минимална негатива на овој дуел.
Вториот дел го почнавме со офанзива и две прилики, во првата не успеаа Лука Јакимовски кој ја погоди стативата, во втората Стефан Наумовски имаше добра шанса со глава. Цветков ја пропушти кардиналната прилика, тој не успеаа да го претвори пеналот во гол. Кога не ги искористуваш одличните прилики стигнува казна, па така зелено-белите успеаа да погодат, удвојуваќи го своето водство на 2-0. Ние брзо вративме од белата точка преки Александар Калановски кој намали на 2-1. Бркавме и тежнеевме за нов гол кој ќе донесе реми, сепак неуспеавме. Петар Пројковски имаше голема прилика која не ја реализираше, а Лука Јакимовски и Калановски исто така не погодија. Затоа на крајот моравме да се помириме со минимален пораз од 2-1 на овој натпревар во детската лига.