Кадетките на Вардар Јуниор со одличниот настап во групата и првото место обезбедија завршен Ф4 турнир. Тие денес во Куманово во салата при екон. Учил. “Перо Наков во полуфиналето се сретнаа со екипата на ЖРК Металург. Со победа над тимот од Автокомана со 36-30 црвено-црните обезбедија финале. Поради тоа што Драгана Ристова, кормиларот на оваа екипа и девојките се во Црна Гора на турнир, екипата ја водеше Александар Царчев. Тој на располагање имаа 11 девојки, пет од постојната кадетска екипа и шест девојки родени 2000 и 2001 кои моментално настапуваат за сениорскиот тим на Вардар Јуниор.
Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, се играше постојано околу резултатската симетрија. Некаде се до 8-8 двете екипи играа гол за гол, потоа ние се одлепивме на 10-8 и успевавме да ја одржуваме разликата се до крајот на првите 30.минути. На одмор заминавме со минимални 17-16 за нас. Вториот дел почна со офанзива на сино-белите кои успеаа да изедначат најпрвин на 20-20, а потоа и да поведат со 20-22 правејќи пресврт на резултатот. Сепак девојките на Царчев Александар покажаа карактер. Тие го преземаа водството и поведоа, а потоа почнаа и да го зголемуваат. Од минута во минута ги газевме противниците па на крајот од дуелот победивме дури со шест гола предност.
Ние триумфиравме со 36-30 на овој натпревар. Со оваа победа обезбедивме финале во кое ќе се соочиме со домаќинот ЖРК Куманово кој забележа победа во првото полуфинале денес.
Кај нас најефикасна беше Николиќ со 9 гола, Трпевска имаше 7 погодоци, Цветановска погоди 6 пати, Диневска впиша 5 гола, Стефановска мечот го заврши со 4 погодоци, Атанасовска имаше 3, а Насковска 2. Илиќ на голот беше одлична со 14 одбрани.