Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > “Мирољубиво“ помина дербито кај пом. пионери на ФК Вардар и Работнички, кои одиграа без голови
“Мирољубиво“ помина дербито кај пом. пионери на ФК Вардар и Работнички, кои одиграа без голови

“Мирољубиво“ помина дербито кај пом. пионери на ФК Вардар и Работнички, кои одиграа без голови

Мирољубиво помина дербито во генерацијата родени “2002“ година. Помладите пионери на ФК Вардар и Работнички утрово на теренот на алумина одиграа без голови 0:0. На крајот реален резултат, со оглед дека двее екипи немаа поголеми прилики за отварање на резултатот.

Тренерот Маркоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Костовски, Петејчук, Крсевски, Асани, Гугуљанов, Демири, Трајановски, Мирков, Речица, Стојановски.

vardarfans-1

Првото полувреме помина без некои поголеми шанси за постигнување на гол, освен една на Работнички кој беше најблиску да го отвори резултатот, но топката за наша среќа заврши само покрај нашиот гол. Домашната екипа имаше уште два удари но нашиот голман Станковски успешно ги одбрани. Кај Вардар во првиот дел се заканија во два наврати Антонио Мирков и Асани, но резултатот остана непроменет. Се играше воглавно на срединат на теренот, владееше борба за секоја топка и цврста игра. Во првото полувреме беше направен една измена во нашиот состав. На местото на Демири во игра влезе Фисник Салиу.

4

Во првите десет минути од вториот дел се обиде Работнички, но повторно Станковски успева да интервенира. Втора измена во нашиот состав. На местото на Трајановски во игра е Омерагиќ. Харбин Речица од редовите на Вардар се обиде да го загрози противничкиот гол, но неговиот удар завршува високо над голот. Истиов играч имаше голема прилика од слободен удар од некаде 30 метри да постигне гол, но топката завршува неколку сантиметри покрај десниот директ од голот на Работнички. Последна измена во Вардар, влезе Величковиќ на местото на Гугуљанов. На крајот конечниот резултат е 0:0.

2