Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Драгана Петковска ќе и прави друштво на Трпковска во Ардесен
Драгана Петковска ќе и прави друштво на Трпковска во Ардесен

Драгана Петковска ќе и прави друштво на Трпковска во Ардесен

Голманката на Вардар СЦЈС и Вардар, Драгана Петковска во новата сезона ќе настапува за екипата на Ардесен од Турција. Познато е дека во новата сезона, втората екипа на ЖРК Вардар ќе влезе доста подмладена во супер -лигата, односно составот го напуштија голем број од ракометарките, додека се приклучија играчи од младинските категории на клубот. Петковска во Ардесен ќе настапува заедно со поранешнот капитен на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска

Младата голманка има настапи и за првиот тим на Вардар во лигата на шампионите, а ги има поминато и сите младински категории во репрезентацијата, а моментално е дел од сениорската репрезентација на Македонија. На Драгана и посакуваме многу среќа и успеси во новата средина.