Вардар го доби дербито против екипата на Шкендија, кај помладите пионери. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Деспотовски ги победија врсниците од екипата на Шкендија, совладувајќи ја со резултат 2:1.
Стартери за Вардар на овој дуел беа: Стојковски (c), Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски, Стојановски, Мирков, Андрески.
Првиот директен удар кон еден од головите го имаше екипата на Шкендија, кога еден од нивните играчи упати непријатен удар, но тоа не беше проблем за нашиот голман Стојковски да го скроти и да го остави резултатот непроменет. Мора да се напомене дека Вардар имаше целосна иницијатива на теренот и беше далеку подобрата екипа во првото полувреме. Покрај постигнатиот гол имавме уште неколку прилики, кои останаа неискористени. Покрај тоа не беше досуден очигледен пенал за црвено-црните, откако во противничкиот шеснаесетник соборен беше Харун Алими, сепак судијата се реши да продолжи играта. Првиот директен удар кај Вардар го имаше Георг Стојановски, кој се најде во добра шанса од десната страна, реши да одигра сам биеше, но топката заврши над голот на тетовчани. Гледавме тврда утакмица со многу борба и трчање на теренот. Иницијативата избраниците на Деспотовски ја крунисуваат со погодок кога резултатот за 1:0 го отвори Георг Стојановски, откако на асистенција на Давидовски ја погоди мрежата на Шкендија, за голема радост на Вардар.
И по постигнатиот гол не му ја препуштивме играта на противникот, напротив Вардар сакаше да го зголеми резултатот. Нов судиски пропуст на главниот судија кога соборен беше Стојановски, а судијата реши да му даде жолт картон пораси симулирање на фаул. Гео ја имаше последната прилика во првиот дел, но одбрани голманот. На одмор се замина со резултат од 1:0.
Вардар имаше најголем дел од играта и во второто полувреме, период во кој паднаа по еден гол во двете мрежи. Токму Георг Стојановски ја имаше првата голема прилика и во второто полувреме, кога биеше неколку сантиметри покрај голот на противникот. Сепак истиов играч го постигна и својот втор гол денес на дербито, откако од корнер нафрли Анрески кој го пронајде Стојановски кој со глава бие во мрежата на Шкендија, што значеше и зголемена предност од 2:0. Избраниците на Деспотовски продолжија да ја играат својата игра, а капитенот Давидовски можеше пред време да го реши победникот, кога од 20-тина метри ја погоди само пречката.
Во следната минута следеше брз контра-напад на гостинскиот тим, но за наша среча топката помина покрај голот на Стојковски. Беше направена и првата измена во нашите редови, од игра излезе Стојчевски Андреј поради тоа што се пожали на повреда, на негово место е Влатко Стојановски. Уште една измена кај Вардар, од игра илзе Мирков, додека влее Славче Живков. Тренерот Деспотовски до крајот на дуелот им даде шанса за настап на сите играчи. На теренот ги видовме уште и Прелоговски, Јовчев, Ќосески, Ѓорѓиевски и Марковски. Во последните пет минути од мечот, тимот од Тетово постигна гол и го намали резултатот на 2:1, но немаше многу време за поголеми возбудувања, па главниот судија отсвири крај на овој дерби меч од второто првенствено коло.