Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на купот, откако го совладаа градскиот ривал Работнички
Помладите пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на купот, откако го совладаа градскиот ривал Работнички

Помладите пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на купот, откако го совладаа градскиот ривал Работнички

Помладите пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на купот, откако утрово на теренот на Академијата во рамките на 1/8 финалето ја победија екипата на Работнички. Резултатот на крајот гласеше 2:1.

Тренерот Деспотовски старуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давков, Стојчевски, Давидовски (c), Алими, Мирков, Андрески, Стојановски.

Екипата на Вардар успеа да поведе уште во првите минути од мечот, кога на нафрлена топка од корнер на Андрески, во противничкиот шеснаесетник скокна Ѓорѓоски која ја смести топката во мрежата на голема радост на црвено-црните. Гледавме борбен натпревар и на двете страни, топлото време ги отежнуваше условите за игра, но ова еден меч го решаваше патникот во следната рунда од националниот куп. После отварање на резултатот, се обиде и Стојчевски кој со глава бие, но безопасно кон голот на гостите. Се обиде и Работнички, еден од нивните играчи на одбиена топка од некаде 20 метри шутираше над голот на Стојковски.Вардар треба да жали што не успеа по првите 40 минути да има поголемо водство.

41533900_1850538011659703_8549142723494412288_n

При едно невнимание на противничката одбрана во шанса се најде Антонио Мирков, кој со лоб удар ја погоди само стативата, додека во идентична ситуација се најде и Георг Стојановски кој беше во изгледна прилика за погодок, но шутира само покрај голот. Работнички лесно можеше да ги казни овие наши промашени шанси, кога во нашиот шеснаесетник се отвори ситуација за противникот, но еден од нивните играчи од непосредна близина биеше само над нашиот гол. По првото полувреме, Вардар има минимално водство од 1:0.

Првиот директен удар во вториот дел го имаше Вардар, кога Лео Андрески од прекин шутираше, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Најубавата акција на овој дуел се случи во овој дел од мечот, акција од фудбалските учебници. Стојановски додаде со Мирков, овој до Алими, кој излезе сам со голманот на Работнички и со лоб удар го матираше, за предност на Вардар од 2:0.

41332508_1850534981660006_5765482154469359616_n

Мора да се потенцира одличната игра на Харун Алими, кој денес одигра одличен дуел. Гостинската екипа не се предаде, па во следниот период се обидуваше да го загрози нашиот гол. Дефанзивната линија на Вардар, со стоперите Сељанац и Ѓорѓоски, како и бековите Јовановски и Давков успешно ги прикриваа сите позиции и не дозволуваа опасности кон голот на Стојковски. Доста на средината од теренот, претрчаа и Стојчевски и Давидовски, а во офанзивната линија, Мирков, Стојановски и Андрески се обидуваа да создадат уште некоја прилика за гол. Работнички имаше можност да го намали резултатот, кога најпрво се обиде со удар кој заврши над голот, додека во следниот обид, топката заврши во пречката, но благодарение на Стојковски кој ја допра доволно за таа да не заврши позади неговиот грб. Сепак противникот постигна почесен гол и намали на 2:1 и тоа со прекрасен удар во десниот голмански агол, за намалување на резултататот. Измени направи нашиот тренер Деспототовски, во игра влегоа Младеновиќ, Марковски и В. Стојановски. До крајот немаше поголеми возбудувања, па мечот заврши со победа на Вардар од 2:1.

vardarfans-veselinovski

Денешниот меч на Вардар го проследи и поранешниот вардаров играч, се работи за Драган Веселиновски.

Помладите пионери веќе се четвртфиналисти во купот на Македонија, за неколку дена одигравме два тешки натпревари кои успеавме да ги добиеме.