Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ОФИЦИЈАЛНО: Калифа Гедбан една година дел од Вардар!
ОФИЦИЈАЛНО: Калифа Гедбан една година дел од Вардар!

ОФИЦИЈАЛНО: Калифа Гедбан една година дел од Вардар!

Она што го објавивме утринава, сега доби официјална потврда и од РК Вардар. Нов голман на нашиот црвено – црн тим е Калифа Гедбан со кој е потпишан договор во важност од една година. За прв пат еден играч од Алжир доаѓа да игра во редовите на Вардар.

Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Во летниот период беше на подготовки со тимот на Анхел Хименз во Шпанија, но во меѓувреме нашиот клуб се договори за негов трансфер во Скопје.

Тој ќе биде првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим. Вардар го пријави Гедбан за настап во ЛШ, и тој ќе биде дел од тимот на следните натпревари , се вели на официјалната страна на клубот.