Надежите денеска на домашен терен прокоцкаа победа. Селекцијата на Ерменија до 21 година се чинеше дека ќе загуби како и нивните сениори, но во 93. минута со голот на Аветисјан дојдоа до трет гол за конечни 3:3 (1:0).
Во составот на Македонија денеска настапи и ги одигра сите 90. минути и еден играч на нашиот Вардар. Се работи за Тодор Тодороски кој настапи на десната бековска позиција.
Головите за нашата селекција ги постигнаа Атанасов, Здравковски и Чурлинов.