И овој 8-септември повторно кугларскиот клуб Вардар беше домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите, во рамките на вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Овој силен собир се одржи в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија. Втор пат црвено-црните организираа успешен турнир.
Екипно повторно победи српскиот шампион КК Белград. Бојан Влаќевски од редовите на КК Вардар е поединечен победник на турнирот “8 Септември” со срушени 645 кегли!