Претстојниве два дена, младинските екипи на Вардар ќе го одиграат осминафиналето од купот на Македонија. Патникот во следната рунда, ќе биде познат по само еден одигран натпревар.
Утре на теренот на Академијата, активни ќе бидат дури четири генерации на ФК Вардар. Најпрво во терминот од 09:00 часот, помладите пионери на Вардар ќе играат против Работнички, додека од 11:00 часот својот осминафинален дуел ќе го одиграат пионерите на Вардар и Работнички.
На истиов терен, своите натпревари ќе ги одиграат и генерациите родени “2004„ и “2005„ година, а противник ни е екипата на Македонија Ѓ.П. Најпрво во 13:30 часот ќе играат Вардар и Македонија Ѓ.П, кај генерацијата “2005„, додека повозрасните ќе настапат од 15:30 часот.
Во четврток осминафиналните мечеви од купот ќе ги одиграат и кадетите и младинците на Вардар, против врсниците од Струга Трим Лум. Натреварите ќе се одиграат на теренот во населбата Јане Сандански. Најпрво од 11:00 часот ќе се сретнат кадетските екипи, додека два часа подоцна ќе играат и младинците на Вардар и Струга Трим Лум.