Помладите пионери на Вардар и Пелистер одиграа без голови, на натпревар од 9.коло во Супер Лигата.
Денес на Локомотива, без победник (0:0) заврши натпреварот на Вардар и Пелистер кај помладите пионери. Видовме шанси и на двете страни, сепак и по истекот на 90.минути немаше промена на резултатот.
Во првиот дел, Вардар се закани преку Филип Смиљков од слободен удар, но одбрани голманот на гостинската екипа, додека Пелистер малку недостасуваше да си постигне авто гол, но за нивна среќа голманот беше на место па спаси негатива. Во овој дел од натпреварот не видовме некоја друга посериозна шанса, се играше цврсто на средината на теренот.
Во вториот дел обиди кај нас имаа Фуад Керими и Иван Блажевски, додека капитенот Смиљков повторно се обиде од слободен удар, но за малку топката не заврши во голот, откако ја допре пречката. Во овој период мора да се напомене дека две добри интервенции на нашиот гол имаше Лука Јаневски. Најголемата прилика за Вардар да го отвори резултатот ја имаше Емир Шаботиќ, кој повлече од средината на теренот, успеа да издржи дуел и да упати удар, но гостинскиот чувар на мрежата спаси сигурен погодок. По 90.минути игра натпреварот заврши со поделба на бодовите.
Вардар: Лука Јаневски, Алексеј Ивановски, Филип Смиљков (К), Марко Крстевски, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Михаил Јорданоски, Ненад Стојанчевски, Емир Шаботиќ и Златко Радески.
Играа уште и Мичо Поповски, Иван Блажевски, Гоце Трајчевски и Бобан Бакрачески.