Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски ќе настапи на 14.првенство на Армијата на Република Македонија
Завировски ќе настапи на 14.првенство на Армијата на Република Македонија

Завировски ќе настапи на 14.првенство на Армијата на Република Македонија

 Нашиот, Петре Завировски ќе земе учество на 14-тото крос кантри првенство на Армијата на Република Македонија. Пред 1 месец Завировски се здоби со повреда на тетивата на десното колено, првичните прогнози беа дека го очекува најмалку неколку месечна пауза. Успеа за рекордно време да ја санира повреда и повторно да застане здрав на две нозе. Повредата е санирана надвор од Македонија, толку можеме да кажеме околу тоа.

Секогаш особена чест е за Завировски да трча со Армијата на Република Македонија и тоа е мотивото да се појави на стартот во петок. Но престои долга зима во која Завировски има високи амбиции за следната сезона и следниот период ќе го искористи за подготовки. Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Мајор Игор Јакимовски:

На ден 02.12.2022 година во спортскиот центар Хиподром, Скопје, ќе се одржи 14_то Армиското првенство во крос кантри трчање.Оваа традиционална спортска манифестација е во организација на нашата Армија и се одржува цели 14 години.Заради промоција на воениот спорт, крос кантри првенствата секоја година се одржуваат на различни локации ширум нашите касарни, но и на локации кои се идеални за спортување и реализација на ваква дисциплина во кралицата на спортовите – атлетиката.Оваа година изборот падна пак на спортскиот центар Хиподром кој има идеална крос патека за трчање.Воедно спортскиот центар Хиподром во последните години стана едно од најпопуларните места за посетителите кои уживаат и спортуваат во комплетно реновираниот спортски центар.Патеката, односно кругот за трчање кој е одбран за 14_то Армиско првенство во крос е со должина од 1600м.Трката ќе биде реализирана со трчање во кругови, а должината за жените ќе биде 4.800м (3 круга) додека за мажите ќе биде 8000м (5 круга).Како и секоја година така и оваа, сите заинтересирани лојални граѓани, спортисти и рекреативци кои не се припадници на нашата Армија ќе можат да учествуваат на ова воено првенство и да бидат дел од нашиот спортски настан.

Котизацијата за учество на првенството е бесплатна за сите.

Ви ветуваме прекрасен спортски настан и се гледаме на 02.12.2022 година