Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Зенга, кадетите на РК Вардар дојдоа до 3/3
Момците на Зенга, кадетите на РК Вардар дојдоа до 3/3

Момците на Зенга, кадетите на РК Вардар дојдоа до 3/3

Вчера, кадетите на РК Вардар 1961, момците на Зоран Петковски-Зенга во 3та рунда гостуваа кај тимот на РК Рисови. Натпреварот  го добија  црвено-црните кадети, тие победија со 26-28 на натпреварот кој се одигра  во салата „Методија Андонов-Ченто“.

Почнавме со перманентна предност над ривалот, од минута во минута нашата разлика постојано се зголемуваше. На одмор заминавме со разлика, истата во вториот дел дојде и до највисоки шест плус за нашите момци. Во последните 10.минути домаќинот успеа да фати резултатски приклучок, бевме под опасност од изедначување, имавме и двајца играчи помалце во поле. Сепак ги надминавме овие искушенија и победивме со два гола предност, односно со резултат 26-28.

Уште од самиот старт на натпреварот најавивме дека ние ќе бидеме тимот кој ќе го контролира резултатот. Добро започнавме со предност од 0:3, сепак домашниот тим не се предаде и некаде на средината на првото полувреме намали на само еден гол разлика (7:8). Беше и 10:11, но избраниците  на Зенга имаа подобар финиш на првиот дел, со серија од 0:3 успеаа на одмор да имаат предност од 10:14.

Нашата серија продолжи и во вториот дел, кога поведовме и со 10:17, тоа беше највисоката разлика која ја достигнавме на натпреварот. Во продолжение од мечот следеше мало опуштање кај нашите кадети, кои му дозволија на домашниот тим да се доближи на само еден гол негатива (24:25), сепак вардарци беа присебни во завршните минути од натпреварот и успеаа да ја зачуваат предноста, за трета последователна победа во лигата.

316505470_1166602557289240_6136923310691473778_n 316464040_692245432318058_6949564190795182262_n

Кадетскиот состав има максимални 9.бода по три кола, во групата-А, досега покрај Рисови ги совладавме и екипите на Бутел и Голден Арт. Со ова се на делбата на првата позиција на табелата од групата-А каде што има 10 тима кои се натпреваруваат.