Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го совлада Пелистер, Стефаноска со 9-ка
ЖРК Вардар го совлада Пелистер, Стефаноска со 9-ка

ЖРК Вардар го совлада Пелистер, Стефаноска со 9-ка

ЖРК Вардар остана на врвот на табелата по победата денес над Пелистер. Црвено-црните беа домаќини во „Круме Кепески“ и победија со 31-26.

Првиот дел беше изедначен, двата тима имаа дузина минимални водства и изедначувања, од 2-2 се до 12-12 пред финишот. На крајот нашиот тим успеа да поведе со 13-12 и така се замина на одмор, на овој дуел кој  во првиот дел беше максимално изедначен.

Во вториот по почетните 15-15, конечно се одлепивме на три плус со серија од неколку гола поведовме со 20-17. По овој момент ние не ја пропуштивме приликата, ја зачувавме предноста и истата ја одржавме до 60.минута. Победата дојде со пет плус односно со резултат, 31-26.

Стефаноска Сара беше прв стрелец со 9.гола, а Трпевска Ивона имаше 7.погодока кај нас. Илиќ сопре 11.топки, а Трајкоска одбрани 2.удара.