Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нов триумф за РК Вардар, продолжи добрата серија за избраниците на Недановски
Нов триумф за РК Вардар, продолжи добрата серија за избраниците на Недановски

Нов триумф за РК Вардар, продолжи добрата серија за избраниците на Недановски

Екипата на РК Вардар стигна до својата 12.последователна победа во Супер Лигата, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански го победи тимот на Охрид.

Противникот даде отпор, но сепак на крајот бодовите останаа во Скопје. Откако се играше гол за гол на почетокот од натпреварот, вардарци влегоа во серија и на средина на првиот дел имаа пет гола предност (9:4). Охрид не се предаде и пред крајот на првиот дел намали на само два гола (16:14), но избраниците на Недановски имаа добар финиш и со серија од 3:0 на полувреме заминаа со солидна предност од 19:14.

Во второто полувреме, Вардар го контролираше резултатот и ја зголемуваше предноста, која во еден момент достигна девет гола разлика. На крајот победата на Вардар беше изразена со резултат 32:25.

Во редовите на Вардар се истакнаа Манасков со осум и Талески и Моралес со по шест гола