Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардар го победи Пелистер, кадетите и младинците со цел „плен“ се враќаат од Битола
Вардар го победи Пелистер, кадетите и младинците со цел „плен“ се враќаат од Битола

Вардар го победи Пелистер, кадетите и младинците со цел „плен“ се враќаат од Битола

Кадетите и младинците на ФК Вардар стигнаа до победи, на дерби натпреварите од 9.коло во Супер Лигата против екипата на Пелистер.

Кадетите стигнаа до убедлива победа, на гостувањето кај екипата на Пелистер. Нашите млади надежи победата ја обезбедија уште по првите 45 минути кога резултатот гласеше 0:3, истиот на крајот се покажа и како конечен на овој дерби натпревар.

Одигравме одличен натпревар, а таквата игра на крајот беше наградена со победа. Трите бода ги осигуравме уште во првиот дел кога имавме високо водство од 0:3, со погодоци на три различни играчи од нашите редови.

Уште во 6.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот на 0:1 со голот на Дарко Сековски. После една одлична асистенција од Нурединовски, Сековски беше играчот кој излезе очи во очи со гостинскиот голман, кој успеа да го совлада за предност. Одлично игравме во овој период од натпреварот, едноставно противникот немаше шанси да се надигрува со нашиот состав. Се играше 20 минута, кога Сековски нафрли топка од корнер, во противничкиот шеснаесетник највисок беше Нуман Ајетовиќ кој успеа со глава да го совлада голманот на Пелистер за предност од 0:2.

До крајот на првиот дел, односно во 37.минута успеавме да зголемиме на 0:3, овој пат со голот на Агрон Туша кој изби сам со голманот, на нашиот играч не му беше тешко да постигне гол и да се запише во листата на стрелци.

Во вториот дел од натпреварот игравме мирно, а нашиот тренер им даде шанса за настап на сите играчи. Во вториот дел имавме исто така обиди, но немаше нова промена на резултатот. На крајот висока победа со резултат 0:3.

Вардар: Андреј Данстак, Александар Трајчевски, Хадис Рамани, Матеј Митревски, Нуман Ајетовиќ, Максим Бундалески (К), Агрон Туша, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Алтин Нурединовски и Филип Радевски.

Играа уште и Рами Рахми, Виктор Стефановиќ, Андреј Петровски и Димитар Стојановски.

Левент Ибраим донесе три бода, младинците со победа се враќаат од гостувањето во Битола. Одлучувачкиот момент на средбата се случи во 77.минута кога противничката мрежа ја затресе Левент Ибраим.

На голот претходеше изведен аут од Фидановски до Цветков, кој асистираше до Ибраим, кој упати прецизен удар од прва кој заврши во мрежата на Пелистер. Вардар денес покажа повеќе од противникот и заслужено се радуваше на победата.

Како поголеми шанси на натпреварот за црвено-црните ќе ги издвоиме оние на Тино Спасиќ и Андреј Алексоски, кога во второто полувреме од натпреварот немаа среќа и ја погодија стативата од противничкиот гол. Свои обиди имаа и Дошев, како и Цветков, но немаше реализација. Кога ќе го сумираме натпреварот, Вардар стигна до заслужени три бода на овој дуел од младинската Супер Лига.

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Филип Јовановски, Левент Ибраим, Стефан Јовановски, Ѓорѓи Дошев, Давор Серафимов, Никола Анчевски, Симеон Здравковски, Горјан Цветков и Марко Стојилевски (К).

Играа уште и Илија Апостоловски, Тино Спасиќ, Христијан Стојановски и Андреј Алексоски.