Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВАРДАР СЕ ВРАЌА НА ВРВОТ: Лесна победа во Велес против Тетекс
ВАРДАР СЕ ВРАЌА НА ВРВОТ: Лесна победа во Велес против Тетекс

ВАРДАР СЕ ВРАЌА НА ВРВОТ: Лесна победа во Велес против Тетекс

Фудбалерите на Вардар се враќаат на врвот на првенствената табела, откако попладнево во Велес го победија тимот на Тетекс со 0:2, а Гостивар на домашен терен одигра само 1:1.

Вардар имшае контрола на топката, на резултатот во Велес. Створи добри шанси за гол во првиот дел, а погоди Николовски по супер асистенција на Ристески. Да додадеме дека Гачевски во првиот дел имаше две супер одбрани. Во вториот дел Мицевски од белата точка стрелаше за 0:2 и победа. До крајот на дуелот се истакна голманот на домаќините кој спречи и поголема предност за Вардар.

Во следното коло, се игра големото дерби на Македонија во Битола. Вардар дербито ќе го дочека како прв на табелата.