Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери поразени од Работнички во меч нагости
Пом.пионери поразени од Работнички во меч нагости

Пом.пионери поразени од Работнички во меч нагости

Денес на теренот на ФК Алумина се одигра дерби мечот во лигата за помлади пионери, во истиот се сретнаа екипите на домаќинот  ФК Работнички и нашиот Вардар. Домаќините беа поуспешни и однесоа победа со 4-0, на полувреме беше 2-0. Тренерот Саше Јанев се одлучи за следните стартери на голот Андов, играа Чурлинов, Мирчевски, Ристевски М., Апостоловски, Бојковски, Димоски, Манасиевски, Ариф ,  Астарџиев и Николов.

jk

Мечот почна мирно без теренска иницијатива на ниту една екипа, со мирна игра на средината од теренот. Двете екипи имаа неколку полушанси во првиот половина час, без некоја посебна опасност за голманите Андов Матеј и Петревски Кирил. Првиот гол за 1-0 со кој поведе домаќинот  ФК Работнички дојде сосема случајно. Во 30 минута по еден карамбол во нашиот казнет простор си постигнавме автогол во нашата мрежа за отварање на резултатот.  Во 35 минута пропуштивме прилика преку Ариф Ибраим, тој успева да ја погоди само пречката од голот на домаќините. Домаќините казнуваат преку Тошевски Давид кој прима убаво на гради, и со освртување погодува за 2-0.  Тоа беше последно шанса на овој прв дел.

jk3

Вториот дел тргнавме поофанзивно, тренерот Јанев направи неколку измени и го освежи тимот. Заигравме сосема поквалитетно. Прва шанса имавме во 42 минута преку Бојан Димовски кој од слободен удар од над 25 метри шутира одлично, но голманот прифаќа. Иницијативата е на нашата страна , напаѓаме  постојано без посебна реализација.  Во игра влегува Давид Ристовски изведува одличен слободен удар, сепак голманот на Рабптнички , Петревски  одлично брани. Хасаниќ Малик влегува во игра тој веднаш има прилика, прави соло продор по десната страна сепак шутира крај стативата. Давид Ристовски има нова зрела прилика за црвено-црните помлади пионери, со удар со глава од 10-12 метри се обидува да лобува топката минува над гредата. Работнички трга да погоди успева преку, Тошевски Давид  кој повторно погодува во соло продор во мрежата на нашиот голма. Се обидваме да намалиме до крајот, се отвараме целосно. Тоа го казнуваат домаќинот со четврти гол, за 4-0 резултат со кој се завршува овој дуел.