Денес се одигра дербито во пионерската лига во истото ФК Вардар гостуваше на екипата на Работнички, на дуелот кој се одигра на теренот на ФК Алумина во Карпош нашите момци остварија победа со 1-0, на полувреме водевме со истиот резултат 1-0. Нашиот тренер се одлучи за следните стартери: на голот Мето Веловски, Петковски, Антовски, Пешевски, Стојчевски, Ѓорѓиевски А, Дарлишта, Ѓорѓиевски М, Адем , Бериша и Бетиќи.
Првиот дел го почнуваме со желба за ран погодок, тргаме да создаваме шанси на самиот почеток. Прва прилика иамме преку Јакуп Бериша тој од слободен удар погоди во живиот ѕид. Во тимот по казна од три меча поради црвен картон се врати Бетиќи Саид тој ја имаше следната шанса во која погоди крај голот. Ние имаме офанзива во текот на првата половина од полувремето, играме напред домаќините се обидуваат со долги топки сепак тука беше голманот Велковски кој пресече две топки со глава на 25 метра од неговиот гол. Нашата иницијатива е крунисана со погодок, Марко Ѓорѓиевски шутира силно одбива домашниот голман Хоџин топката доаѓа до Кренар Дарлишта кој мирно по земја погодува за 1-0. Одбранбениот играч Александар Ѓорѓиевски ја прифаќа топката на центар ја носи 20-30 метри нанапред и шутира силно анд пречка. Докрајот имавме уште три сериозни прилики за одбележување. Во првата од 30 метри се обиде Кренар, во втората Марко Ѓорѓиевски шутна крај голот и во третата Бериша Јакуп се обиде од дистанца. Сите овие три шанси не завршиај со погодок , и со резултат 0-1 за црвено-црните се замина на одмор.
Вториот дел го започнавме офанзивно, прва прилика во 42 минута имаше Бетиќи со глава , топката ја одбрани голманот на домаќините. Потоа се обидовме со удар преку Кренар , кој доби употреблив центаршут , со лизгачки старт ја упати топката крај голот. Домаќините имаа прилика, нашиот голман Велковски најпрвин боксува, а во повторниот обид со чудесна парада спасува погодок. Марко Ѓорѓиевски сеобидува во продолжение, одбраната во последен момент исфрла во корна. Бетиќи прима топка на 16 метри одкосо шутира, над гредата. Имаме иницијатива постојана во продолжение, трагаме по втор гол кој ќе го реши овој меч , и ќе го донесе мирен финиш на ова градско пионерско дерби. Кренар се обидува одкосо во продолжение, но не погодуваме. Целосно сме во офанзива водството го браниме со напади на противничката половина. Голема прилика има Марко Ѓорѓиевски на 3 минути до крај, кога со волеј шутира силно над пречката од голот на “Романтичарите“.