Вуко Борозан, или популарно кажано Вуле, уште еднаш ни докажа дека во него има голем потенцијал да го понесе нападот на Вардар во победа кога е најпотребно. На топовските удари на Борозан се уверивме уште на стартот од СЕХА лигата, кога решеташе со огромна брзина на неговите удари.
Тоа Вуко го покажа и на вчерашниот натпревар. Борозан иако и на овој натпревар не беше стартен бек, сепак, откако влезе во игра овој црногорец, играта на нашиот тим доби нова разновидност во нападот. Борозан од вкупно седумте постигнати погодоци, пет му беа со феноменален скок шут и огромна брзина на топката кон голот. Борозан на овој дуел заедно со Душебаев беа најдобри поединци на натпреварот и во редовите на нашиот тим.
Фото: Кочо Сотировски