Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар со победа над Ренова ја завршија сезоната
Пом.пионери на Вардар со победа над Ренова ја завршија сезоната

Пом.пионери на Вардар со победа над Ренова ја завршија сезоната

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк се одигра последното коло од лигата за помлади пионери. Во овој натпревар Вардар ја пречека екипата на тетовска Ренова. Нашите момци дојдоа до победа со резултат 3-0 (2-0). Тренерот Саше Јанев се одлучи да стартува со овие момци: Рамадани, Бојковски, Мирчевски, Манасиевски, Апостоловски, Хасановиќ, Ристовски, Спировски , Астарџиев, Николов и Асенов.

2 4

Првиот дел почна мирно без поголема иницијатива на било која од двете екипи. Се играше цврсто на средината од теренот на Академијата на ФК Вардар во градски парк. Прва прилика имаше екипата од Тетово која ја погоди стативата од голот на црвено-црните.  Во 11 минута по еден центаршут еден играч на Ренова одигра со рака што беше доволно главниот судија да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Давид Ристовски кој погоди за отварање на резултат, тој стрелаше за 1-0 во 12.минута.  По голот прилика имаше Астарџиев  кој неуспеа да ја зафати топката од непосредна близина. Ренова се закани сепак нашиот голман Рамадани беше на висина на задачата. Следеа две прилики за црвено-црните најпрвин  одкосо шутна Спровски Мартин јако сепак голманот на “гипсарите“ одбрани. Веднаш потоа  се обиде Астарџиев Давид чиј удар го одбрани голманот на гостите Таири Мухамед. По ова ние сме во постојана офанзива на овој натпревар се трудиме да го удвоиме водството со нов погдок.  На сцена стапува Астарџиев Давид  кој по асистенција на Малик Хасановиќ кој добро продре од десната страна, погодува за наша предност со 2-0. До крајот на првиот дел прилики имавме преку двајца играчи,  преку  Хасановиќ Малик и нововлезениот  Хасиќ Самир.

2 1

Прва прилика во вториот дел за црвено-црните помлади пионери имаше повоторно Астарџиев Давид кој се обеде со удар од дистанца, топката мина крај гол конструкцијата. Напаѓавме постојано со цел да го зголемиме водството. По само 6 минути игра во вториот дел по одлична асистенција на Давид Ристовски погодува Хасановиќ Малик кој стрела по земја за наше водство од 3-0. После голот повторно ние бевме тие кој ја диктираа играта сериозна прилика имаше Хасиќ кој одлично шутна сепак голманот на “гипсарите“  Таири одбрани. Потоа по одлично изведен корнер со глава се закани Хасановиќ тој удар мина крај голот на гостите. Нашите момци во сите аспекти на фудбалската игра доминираа на овој последен натпревар од оваа сезона 2016/2017. До крајот на натпреварот за одбележување е една шанса на Астарџиев кој со глава шутна над голот на “гипсарите“.

Со оваа победа завршува оваа сезона за помладите пионери на ФК Вардар.