Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери со победа кај Македонија ЃП, Танчев во „елемент“
Пом.пионери со победа кај Македонија ЃП, Танчев во „елемент“

Пом.пионери со победа кај Македонија ЃП, Танчев во „елемент“

Помладите пионери  на ФК Вардар, денес дојдоа до победа над Македонија Ѓорче Петров на пријателски дуел. Ние на ова гостување дојдовме до победа со резултат 1-3 (0-3).

ccccccc

Вардаровите пом.пионери започнаа со следниве 11-сетмина: Максим Краљевски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу, Нуман Ајетовиќ, Дамјан Крстевски, Давор Лефковски, Андреј Величковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Стефан Коловски и Михаил Танчев.

cccccc

Нашите момци тргнаа офанзивно кон голот на ривалот, по првата судиска свирка на овој контолен дуел за помлади пионери. Најпрвин Матеј Гаштаров се обиде со удар од дистанца, кој не донесе предност. На сцена стапи денес одличниот Михаил Танчев, кој најпрвин погоди за наша предност од 1-0. Со неговиот втор гол, кој беше „ремек дело“ успеавме да ја удвоиме предноста и да поведеме со 2-0. Ние бевме екипата која доминира на теренот во Ѓорче Петров, имавме уште две прилики за трет гол, најпрвин од слободен удар се закани Нуман Ајети, потоа и Коловски. На нашиот гол одлична интервенција имаше Максим Краљевски. Ова динамично прво полувреме во кое вардаровите помлади пионери имаа контрола на играта беше завршено со гол за 3-0, стрелец на истиот беше Марко Николовски.

c3 c666 c9

Ривалот во вториот дел на почетокот успеа да се ослободи од притисокот, тие беа во налет, ние имавме голема предност од три гола, а и неколку измени па им ја препуштивме инцијативата. Занимливо беше што Македонија Ѓорче Петров дури три пати ја погоди нашата греда на почетокот. Се ослободивме од притисокот и ние тргнавме во офанзива, успеавме да направиме нови прилики, најпрвин Стефан Коловски шутна одлично од 20-сетина метри, голманот на ривалот со крајни напори исфрли во корнер. Потоа се закани повторно Нуман Ајетовиќ, чиј удар не донесе четврта радост.  До крајот видовме две одлични шанси на двете страни, за нас Атанасов Матеј имаше прилика за погодок, противникот од својата шанса успеа да намали на два негатива. Со резултат 1-3 се оконча оваа пријателска средба.

c