Пионерите на ФК Вардар одиграа контролен дуел кај тимот на Македонија Ѓорче Петров. На ова гостување кај скопскиот ривал одигравме реми, натпреварот заврши со резултат 0-0.
Божиноски дуелот го започна со: Апостоловски, Кулуковски, Митревски, Трајчевски, Фидановски, Јакимовски, Унески, ,Бундалески, Цикарски, Кузмановски и Јаневски.
Вардарци имаа повеќе од поседот и доминацијата во воведниот дел од првото полувреме на овој натпревар, сепак без конкретни шанси за одбележување. Прва посериозна шанса имаше Максим Бундалески, тој прими топка на 25.метра , исолира и од работ на казнениот простор упати силен удар кој мина неколку сантиметри крај левиот директ. Противникот се закани, сепак на нашиот гол одличен беше Иле Апостоловски. Вардарци се обидуваа со игра на противничката половина на стадионот „Македонски Лавови“ во Ѓорче Петров да остварат доминација и да дојдат до предност. До крајот имавме уште една шанса за погодок во мрежата на домашниот тим, Цикарски ја имаше последната прилика за одбележување во првите 45.минути на оваа „контролка“.
Тренерот, Саше Божиновски уфрли неколку нови имиња на почетокот на вториот дел, а како изминуваше истиот даде шанса на целиост ростер на овој пријателски дуел. Прва прилика имавме ние, Трајчевски Александар од 35.метра со одлична асистенција го пронајде Нуредини Алтин кој ја прими топката на 6-7.метра од голот на домаќинот, шутна од прва, но голманот со крајни напори исфрли во корна. Македонија Ѓорче Петров се закани, на нашиот гол нововлезениот Андреј Данстак успеа да ја скроти таа прилика. Нуреди повторно се закани, со удар од дистананца да го загрози голот на ѓорчепетровци. Двата тима се надигруваа пред се на средината на теренот, противникот имаше уште два удара, првиот одлично го сопре Данстак, вториот мина крај левиот директ од нашиот гол. Агрон Туша беше играчот кој последен имаше шанса на оваа средба, сепак и неговиот обид не беше претворен во погодок. Одгледавме одличен пријателски дуел, двата тима имаа шанси на истиот сепак натпреварот заврши со почетниот резултат 0-0.