Фудбалскиот преоден рок во Македонија и официјално заврши. ФК Вардар во овој зимски преоден рок ,,испазари” три нови имиња, а од позајмица врати и еден млад играч. Исто така тимот го напуштија и неколку искусни имиња, кои пролетва нема да бидат дел од Вардар.
Филип Гачевски е старо-новиот играч на Вардар. Популарниот Гача се врати во Вардар и ја активираше првата ,,трансфер бомба” кај Вардар во овој преоден рок. Потоа дојде ред и на Дарко Мицевски. Популарниот Панта сигурно дека ќе биде огромно засилување за вардарци на средината на теренот. Мицевски во Вардар доаѓа како шампион од Летонија. Третото ново име во тимот е Ване Јованов. Се работи за крилен играч, кој дојде во Вардар од редовите на Академија Пандев каде настапуваше изминативе сезони. Исто така и он треба да биде големо засилување за тимот. Во Вардар се врати и младиот Иван Мицевски од позајмица. Се работи за стопер кој има настапи во дресот на Вардар минатите сезони. Сите овие имиња, пред се Гачевски и Мицевски треба да го подигнат квалитетот на Вардар кој атакува да се врати во Првата фудбалска лига на Македонија.
Од оние кои си заминаа поискусни се Љамчевски, Илијовски и Петров кој замина во фудбалска пензија.