Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) Пом. пионери на ФК Вардар го победија Левски “сред“ Софија
(ВИДЕО) Пом. пионери на ФК Вардар го победија Левски “сред“ Софија

(ВИДЕО) Пом. пионери на ФК Вардар го победија Левски “сред“ Софија

Во текот на вчерашниот ден две генерации на фудбалскиот клуб Вардар одиграа пријателски натпревари во Софија. Противник ни беше екипата на Левски, со која остваривме една победа и нерешен резултат.

Помладите пионери успеаа во еден интересен натпревар, да ги победат своите врсници од Левски. Конечниот резултат гласеше 1:2. По првото полувреме домаќинот имаше предност од 1:0. Сепак во вториот дел дојде до комплетен пресврт и со головите на Астарџиев и Петкоски, успеавме да го своладаме големиот противник.

Головите од овој дуел можете да ги погледнете на следново видео:

Кадетските екипи на Вардар и Левски одиграа без победник, со почетниот резултат 0:0. Погледнете го видеото од поинтересните моменти на овој натпревар.