Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Рк Вардар добија “огромно“ засилување – Бобан Стојановски: Доаѓањето во Вардар значи чекор понапред во мојата кариера
Кадетите на Рк Вардар добија “огромно“ засилување – Бобан Стојановски: Доаѓањето во Вардар значи чекор понапред во мојата кариера

Кадетите на Рк Вардар добија “огромно“ засилување – Бобан Стојановски: Доаѓањето во Вардар значи чекор понапред во мојата кариера

Кадетите на ракометниот клуб Вардар добија големо засилување, пред стартот на вториот дел од сезоната во лигата. Нов член на црвено-црните е Бобан Стојановски кој потпиша договор со нашиот клуб. Тој дојде од екипата на Рк Илинден, со која се натпреварувеше во “Јуниор“ лигата. На турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“, ова надежно момче ја доби наградата за најдобар лев бек. Воедно беше и најдобар стрелец на турнирот, во генерација родени 2000/01 година. Тогаш во големото финале се сретнаа неговиот сегашен и поранешен клуб, а подобри беа Вардарци кои на крај го освоија второто издание на овој турнир. Кадетите предводени од Слободан Чивлачки во вториот дел од сезоната ќе се борат за второто место во својата група, кое ќе води на завршниот турнир на најдобрите четири ракометни екипи во кадетска конкуренција. Со вакво засилување целта е се поблиска, а како одминува сезоната амбициите би требало да бидат поголеми.

-Најдобрата вест за доаѓањето во Вардар ми ја соопштија тренерите на двата клуба, бев многу среќен во тие моменти. Во Вардар бев две недели на проба, во тој период секако владееше тремата, но сепак го давав својот максимум на теренот. Моите соиграчи и тренери многу добро ме прифатија, иако си се знаевме и пред ова. Потпишав договор со ракометниот клуб Вардар, оваа вест ми ја кажа тренерот Слободан Чивлачки. Ова за мене значи чекор понапред во мојата кариера, тоа што имам конкуренција на моите позиции ми дава многу поголем мотив за работа и за докажување што повеќе.

Бобан своите први почетоци во ракометот ги има како играч на Металург каде тренира и настапува три години. Следна негова дестинација е Илинден Вардар, екипа со која учествува во “Вардар Јуниор“ лигата. Неговиот сон конечно се оствари, откако деновиве потпиша договор со најдобриот клуб во Македонија

-За прв пат почнав да тренирам на 11 години во екипата на Металург, желбата за овој спорт да го започнам беа натпреварите на големите клубови. Во екипата на  Илинден бев година ипол и до крајот на оваа сезона ке бидам во Вардар, со што потоа договорот би ми бил продолжен се до моите 18 години, изјави Бобан Стојановски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски