Денеска е закажан тест-дуел на РК Вардар Jуниор во салата Автокоманда против тимот на Металург. Натпреварот помеѓу младите црвено-црни и избраниците на хрватскиот стручњак е закажан за 18-00 часот.
Шефот на стучниот штаб Пепи Манасков ќе се потруди да види до каде е формата на тимот. Веќе на 12-ти март продолжуваат натпреварите од ВИП Супер лигата за нашиот млад вардаров тим. На првиот тим иако со мали шанси, можно е да му се приклучи и тимот на Вардар јуниор. Младите вардарци по одиграните 14 кола досега собраа 18 бода, остварија само 6 победи, а беа поразени дури 8 пати.